Search

Реконструиран патниот правец Криволак – Пепелиште

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ја посети општина Неготино, а ќе изврши увид на комплетната реконструкција на регионалниот пат помеѓу селото Криволак и Пепелиште.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во Неготино Шекеринска ќе се сретне со градоначалникот Тони Делков. Министерката и Делков потоа ќе извршат увид реконструкцијата на патниот правец Криволак-Пепелиште.

Се работи за пат кој ги поврзува Армискиот полигон Криволак и регионалниот пат Неготино – Штип, којшто е реконструиран со средства од Министерството за одбрана, во соработка со Општина Неготино.

Треба да знаете
Последни објави