Search

Жена казнета со 3.000 евра зошто лажно се претставувала како полицаец за време на полициски час

Прилепското основно јавно обвинителство до Основниот суд Крушево поднесе предлог за изрекување казна за жена која не ја почитувала забраната за движење и при легитимирањето од страна на полициските службеници лажно се претставила како нивна колешка.

Како што информираат од обвинителството, жената затекната при прекршување на полицискиот час, на овластените лица им се претставила како полициски службеник.

Таа се товари за продолжени кривични дела непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и лажно претставување и за неа Обвинителството предложи парична казна од 3.000 евра во денарска противвредност.

Треба да знаете
Последни објави