Само во април над 14.000 лица во Словенија останаа без работа

Заводот за вработување на Словенија објави дека само во месец април 14.000 лица остана без работа, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Како причина за ваквите поразителни резултати се наведува епидемијата на коронавирусот и големиот пад во производството и вкупниот промет во државата.

Според податоците на заводот, во април како баратели на работа биле пријавени 88.648 лица, што е за 10.793 или 13.9 отсто повеќе во споредба со март.

На дел од отпуштените не им бил продолжен договорот за работа, дел биле прогласени за технолошки вишок, а останатите добија откази.

Според информациите на заводот и во услови на медицинска криза се уште на пазарот на труд највеќе се бараат заварувачи, ѕидари и возачи.

Треба да знаете
Последни објави