Search

Дони ван де Бик ќе го замени Погба во Јунајтед

Дони ван де Бик ќе го замени Пол Погба во Манчестер Јунајтед, информираа таблоидите на Островот.

Спортскo-техничкиот штаб на „црвените ѓаволи” гледа во лицето на Холанѓанецот совршен играч за да ја преземе улогата на францускиот ас на средина на теренот.

Дваесет и три-годишниот играч од средниот ред прави уште една силна сезона за Ајакс, со 10 гола и 11 асистенции на 37 натпревари од почетокот на сезоната.

Холанѓанецот го бараат и Реал Мадрид и Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави