Search

Џенифер Лопез и Барбра Стрејсенд се вклучија во донаторски проект

Џенифер Лопез ќе се појави заедно со својот идол Барбра Стрејсенд во онлајн хуманиарен настан Rise Up New York за поддршка на луѓето погодени од корона кризата.

Двете ќе им се придружат на гувернерот Ендрју Куомо, Бет Мидлер, градоначалникот Бил де Бласио, и десетици пејачи и актери – Били Џоел, Бон Џови, Ели Менинг, Џими Фалон, Лин-Мануел Миранда, Мараја Кери, Роберт Де Ниро и Стинг, меѓу другите, за добротворниот онлајн настан „Rise Up“.

Тина Феј ќе биде домаќин на ивентот за поддршка на Њујорчаните погодени од Ковид-19.

Телетонот ќе се емитува и стримира во понеделник, 11 мај.

Треба да знаете
Последни објави