Search

Францускиот Сенат го отфрли планот за укинување на рестриктивните мерки

Францускиот Сенат (горниот дом на Парламентот) го отфрли владиниот план за излез од рестриктивните мерки кои се во сила од 17 март, од помош за најранливата категорија – младите, користењето заштитни маските, делумната невработеност, помошта за фирмите, јави дописникот на МИА.

По дискусијата сенаторите со 89 гласови „против”, 81 „за” и 174 „воздржани” го одбија владиниот план. „Против” се изјаснија и сенаторите републиканци, како и социјалистите и комунистите.

Владиниот план беше одобрен минатиот вторник во Националното собрание со 368 гласови „за”, 100 „против” и 103 „воздржани”. Овие две гласања, според примената на членот 50-1 од Уставот, имаат симболична вредност и немаат никакво влијание за започнувањето на планот за укинување на ограничувачките мерки, планирано од 11 мај.

Треба да знаете
Последни објави