Србја и Грција ќе ги кренат граничните рампи за туристите од Балканот

На Балканот се следат примерите од западноевропските земји во борбата со пандемијата од коронавирусот. Тактиката продолжува и во деновите кога вирусот слабее. Државите кои беа соочени со жесток удар по здравјето на своите граѓани почна да ги ублажува преземените мерки за изолација на ширењето на вирусот. Примерот се следи и кај земјите од Балканот. Србија најви дека на Ѓурѓовден, в среда, ќе ја укине вонредната состојба и полицискиот час.
Ова ќе значи и отворање на границите и аеродромите. Се воспоставува градскиот и мешуградскиот јавен превоз. Со укинување на вонредната состојба и полицискиот час, секојдневието нема да биде исто како пред пандемијата од коронавирусот. На сила ќе останат мерките за претпазливост, како носење на заштитни маски, физичката дистанца меѓу луѓето, оддржувањето хигиена…
Во Србија досега се евидентирани 9.464 пациенти инфицирани од коронавирусот, од кои 1.551 се излекувани, а 193 лица починаа.
И Грците по 42 дена  карантин ќе им овозможи на своите граѓани да излезат слободно од своите домови. Се отвараат поголем дел од продавниците како книжарници, за спортска опрема, фризерски салони, центрите за техничка проверка на возила…
Носењето маска е задолжително и кај јужниот сосед во зависнот од местото на движење. Граѓаните ќе мора да се заштитат доколку користат јавен превоз или такси-возила,  во  лифтовите и болниците, во спротивно ќе платат казна од 150 евра. На сите останати места, на отворен и затворен простор носењето маската не е задолжително.
Властите најави укинување и на други мерки до крајот на месецов. Од следниот понеделник матурантите се враќаат во училишните клупи. За време на летната сезона Грција планира да ги отвори и плажите за туристите од Балканот.
Треба да знаете
Последни објави