Search

Коронавирусот во Франција бил присутен од декември лани

Една француска болница повтори тестови на стари примероци на пациенти кои боледувале од пневмонија и откри дека еден од нив имал коронавирус, а се лекувал во болницата во декември минатата година.

Тоа е еден месец пред француската влада да ги потврди првите официјални случаи на коронавирус.

Ив Коен, шеф на болницата во северен Париз, за ​​телевизијата БФМ изјави дека научниците го повториле тестирањето на примероци од 24 пациенти третирани во декември и јануари, а кои биле негативни на грипот.

„Секој примерок беше повторно тестиран за да се елиминира можноста од грешка“, додаде тој.

Во Франција од 1 март починаа скоро 25.000 луѓе од коронавирус, а првите три случаи беа потврдени на 24 јануари.

Коен вели дека е рано да се каже дали пациентот чиј тест на примерок од 27 декември бил позитивен е францускиот нулта пациент.

„Сопругата на пациентот работела во близина на штанд со суши, блиску до колеги со кинеско потекло“, рече Коен.

„Сепак, не е познато дали овие луѓе отпатувале за Кина и тоа треба да го испитаат локалните институции“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави