Search

Казни за непочитување на полицискиот час за 23 тетовци и тројца дебрани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлог за издавање казнен налог против 23 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинителството на Основниот суд Тетово му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои не го почитувале полицискиот час.

Обвинетите, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како без дозвола се движат надвор од нивните домови во часовите во кои е забрането движење на населението. Двајца од нив на 25 април се движеле по пат покрај брегот на Дебарското Езеро, додека третиот обвинет на 26 април бил запрен на регионалниот пат Струга-Дебар. Со ова тројцата сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Дебар му предложи за секој од обвинетите да изрече парични казни во висина од 10 до 100 дневни глоби.

 

Треба да знаете
Последни објави