Search

Двајца штипски малоленици фатени при кражба во автомобил, ограбиле и две куќи

Полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, кои на ул.„Вера Циривири“ биле затекнати при вршење на кривично дело „кражба“ од патничко возило „застава“, сопственост на М.Б.(65) од Штип.

Исто така, малолетниците се осомничени дека сториле кривично дело „тешка кражба“ извршена на 01.05.2020  околу 17.30 часот во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип,  сопственост на К.М.(73) од Штип, од каде бил одземен златен накит и  кривично дело „кражба“ извршена на 01.05.2020 околу 18.00 часот од куќа на ул.„19-та бригада“, сопственост на Б.Ш.М.(50) од Штип.

Од страна на полициски службеници украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави