Во Албанија се помал број новозаразени од Ковид-19, а се поголем на оздравени

Во Албанија продолжува позитивниот тренд на се помал број новозаразени од Ковид-19 а се поголем број на излекувани. Според Еугена Томини од Институтот за јавно здравје, во последното деноноќие регистрани се само осум новозаразени со што вкупната бројка на досега заразени изнесува 803 лица.

-Во последните 24 часа извршени се 140 тестирања на сомнителни случаи, при што позитивен резултат има само кај осум од нив. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 9.006 тестови,позитивни се 803 а оздравени 68 отсто од нив. Активни на болеста се 229 од нив најмногу во Тирана 93, потоа Круја, 87 и Курбин 17 лица,-рече Томини.

Додаде дека поголемиот број од активните пациенти се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови.

Во Инфективната клиника, нарачена Ковид-1 и болницата „Шефќет Ндроќи”, Ковид-2, хоспитализирани се 34 пациенти, од нив седум се на интензивна терапија.

Во Албанија починати се 31 лице од Ковид-19, кои боледувале и од други болести.

Треба да знаете
Последни објави