Search

Степанчиќ: Вардар докажа дека чуда се случуваат, а ЕХФ тоа не го дозволи

Хрватскиот ракометен интеранционалец во редовите на унгарскиот Пик Сегед, Лука Степанчиќ, откако клубот ги распушти играчите по одлуката на унгарската федерација да го прекине првенството без да прогласи шампион поради пандемијата со коронавирусот, прозборе за ова што се случува во ракометот.

Степанчиќ ја нападна одлуката на ЕХФ за дирекно учество на првопласираните две екипи од двете групи во Лигата на шампионите на завршницата во Келн, каде на крајот од годината ќе играат: Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем.

Осминафиналните и четвртфиналните средби од ЛШ се суспендирани. Пик Сегед во осминафиналето за ривал го имаше актуелениот европски правак, скопски Вардар. Унгарскиот тим против грогираниот Вардар важеше за фаворит во двомечот.

-Во случај ние да славевме против Вардар и Веспрем да го одработеше својот дел од работата, тоа ќе беа драматични четвртфинални дуели за кои никој не може да знае како ќе завршат. Дури и доколку ние бевме втори и патувавме за Келн, таа одлука ќе беше нефер како што е оваа што е донесена во случајов. ЕХФ со овој потег го уништи спортот и спортскиот дух, им ја одзеде на многу клубови можноста да сонуваат за европската круна. Вардар докажа дека чуда се случуваат, претходно тоа го стори и Фленсбург, а со ваквиот однос на ЕХФ се испраќа лоша порака до младите генерации, при изборот на спорт, изјави Степанчиќ.

Треба да знаете
Последни објави