Search

По Интер, сега Рома сака да го позајми Санчез од Манчестер јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, кој сезонава како позајмен играч е во Интер, може да добие продолежен престој во Италија.

Според италијанските медиуми Санчез наместо во инетер би се преселил во Рома, која веќе беше заинтересирана за Чилеанецот уште во минатото лето.

Римјаните можат да се обидат да го изнајмат 31-годишен фудбалер, искористувајќи ги добрите односи со Манчестер јунајтед. Оваа сезона Санчез настапи на девет натпревари во Серија А за Интер и постигна еден гол.

Треба да знаете
Последни објави