Search

Макрон: Животот нема да биде ист ниту по 11. мај

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека прекинувањето на националниот карантин на 11 мај ќе биде само прв чекор на Франција за излез од кризата предизвикана од ширењето на Ковид-19.

„11 мај нема да биде премин кон нормалниот живот. Ќе имаме закрепнување во рамките на кое ќе треба да се реорганизираме“, рече Макрон на Денот на трудот во говорот од претседателската палата.

Додаде дека во процесот на нормализација ќе има неколку фази, а 11 мај ќе биде една од нив.

Традиционалните протести за Денот на трудот, на кои илјадници демонстранти излегуваат на улиците, годинава се откажани поради пандемијата на коронавирус, од кој во Франција починаа 24.000 луѓе.

Од 11 мај, француските училишта постепено ќе се отвораат и бизнисите ќе може повторно да започнат со работа, откако земјата со 67 милиони жители влезе во карантин од средината на март.

Нагласувајќи го тешкиот пат кои претстои, синдикалните власти и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен денеска ја истакнаа нивната загриженост во врска со кризата.

„Иако денес сме затворени, нашите барања не се“, рече Ив Вејрие, шед на синдикатот Force Ouvrière.

Ле Пен одлучно ја продолжи традицијата на својата партија која на 1. мај оддава почит на средновековната хероина Јованка Орлеанка со положување на венец на златната статуа на жената борец од 15. век која е лоцирана во центарот на Париз.

Треба да знаете
Последни објави