Во Словенија регистриран најмал број новозаразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата

Во Словенија вчера се направени 1352 нови тестирања за коронавирусот од кои позитивни биле само пет, што претставува најмал број новозаразени лица од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Уште едно намалување има и на бројот пациенти кои болнички се лекуваат од Ковид-19, па така сега во медицинските центри низ земјата се хоспитализирани вкупно 58 пациенти. Поради тешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 21.

Изминатите 24 часа пет пациенти се отпуштени од болница, а две лица починаа како последица на болеста, со што вкупниот број на луѓе кои не ја преживеаа инфекцијата сега изнесува 93.

Треба да знаете
Последни објави