Search

Американски експерти тврдат дека од Ковид-19 ќе се зарази 70 отсто од светската популација

Ширењето на коронавирусот ќе трае во период од уште 18 до 24 месеци, се додека не се зарази 60 до 70 проценти од светската популација, велат експерти за епидемии и заразни болести.

Во експертскиот извештај кој го пренесува Си-ен-ен, има препорака до властите во САД да се подготват за најлошото сценарио кое подразбира втор бран од пандемијата во текот на оваа есен или зима, со предупредување дека интензитетот на заразата нема значително да опадне, така што луѓето и натаму ќе умираат од Ковид-19.

„Овој вирус нема да запре се додека не се зарази 60 до 70 проценти од населението“, смета Мајк Остерхолм, началник на Центарот за истражување на заразни болести на Универзитетот во Минесота.

Ковид-19 е нов вирус и никој нема развиен имунитет, па пандемијата ќе трае до 2 години се додека не се развие колективен имунитет кај луѓето ширум светот, тврдат американските експерти.

Треба да знаете
Последни објави