Нема да има туристичка сезона во Црна Гора

Потпретседателот на Здружението на угостители на Будва, Илија Арменко смета дека годинава туристичка сезона нема да има. Ситуацијата е загрижувачка бидејќи сите договорени аранжамни се откажани.

-Не треба никој да се залажува дека сепак нешто од сезоната ќе има. Сите договори со агенциите се откажани. Има меѓу нас некои кои мислат дека сепак можно е гости да ни пристигнат во август и септември, но и тоа е големо прашање. Русите ги суспендираа авио-летовите до први септември, Чесите и Французите истото го најавуваат, а тие ни се главните гости. Од Србија нема да дојде никој освен оние кои имаат свои викендици и апартмани. Колку што сум запозната гостите од Србија размислуваат ако може да се патува да заминат за Грција, или пак ќе си останат во својата земја – вели Арменко.

 

 

Треба да знаете
Последни објави