(Видео) Во Белград бучава против диктатурата и контрапротест со запалени факели по покривите

Во услови на полициски час во Србија кој почнува во 18 часот, незадоволството на граѓаните и поддршката за власта од друга страна се префрли по прозорците, преку терасите и по покривите на зградите.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, главниот град на Србија, но и Ниш, Нови Сад и другите градови синоќа во 20 часот граѓаните прво им дадоа аплауз на подршка за здравствените работници, потоа во 20 часот и 5 минути, правеа „бучава против диктатурата” удирајќи во тенџериња, дувајќи во свирчиња и фрлајќи петрди, за да во 20 часот и 30 минути се одржа контрапротест со палење на факели по покривите на зградите.

Акцијата на аплаузи за здравствените работници во Србија трае од почеток на епидемијата со коронавирусот, додека граѓанскиот протест „Дигни го гласот:Со бучава против диктатурата” која ја покрена иницијативата „Да не го давиме Белград” и Граѓанскиот фронт, трае веќе четири дена.

https://youtu.be/AcID7Qtxzm0

Контрапротестот за подршка на актуелната власт за прв пат се одржа синоќа, преку огномет, палење на факели и пуштање на силна музика.

Синоќа и претседателот Александар Вучиќ на РТС го кометираше сето ова, изјавувајќи дека удирањето по тенџериња е делумно политички протест.

– Тоа е, во голем дел, политички протест. Јас сум, знаете, политички ветеран, свикнат сум на тенџериња и тави, само едно ме боли – лекарите ги загубија аплаузите … Политичките лидери со ова покажаа неодговорност, изјави Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави