Search

Судовите при определување на надоместот на штета поради каснување од куче скитник да не се водат само според досега воспоставената судска пракса

„Во  предмети за надомест на нематеријална штета поради каснување на лице од куче скитник наместо судовите да ја определуваат штетата провизорно и движејќи ја висината на штета во онаа рамка што ја има воспоставено судската пракса, треба да водат сметка за секој случај поединечно бидејќи штетата од каснување од куче за некого е само мал стрес, додека за друг може да биде со фатални последици“, вели адвокатот Огнен Јовановски за Академик.

„Може за пример да се земе една конкретна пресуда. Се работи за случај во кој има правосилна пресуда за надомест на нематеријална штета поради каснување на лице од куче скитник. Оштетеното лице е 6-годишно дете кое како последица од штетниот настан има нарушена општа животна активност, односно почнува да пелтечи, а тоа трае во текот на целата постапка. Последицата трае и денес и е неизвесно до кога ќе трае. Оваа пресуда е од значење бидејќи укажува на тоа дека последиците од ваквите штетни настани се различни од случај до случај, и во определување на износите за надомест на штета судовите не треба да се водат според онаа рамка која е воспоставена со судската пракса, туку надоместот на нематеријалната штета треба да го третираат индивидуално и во зависност од последицата, која е различна кај секој поединечен случај“, истакнува Јовановски.

Целото интервју може да го прочитате на Академик

Треба да знаете
Последни објави