Полицискиот час во Србија ќе почне попладнево и ќе заврши в сабота наместо в понеделник

По низата дебати, негодувања на гарѓаните и спротивставени мислења на луѓето задолжени во борбата со пандемијата од коронавирусот, граѓаните во Србија ќе имаат покус празничен полициски час, најавуваат тамошните медиуми. Кризниот штаб во Србија го прифати предлогот на Владата полицискиот час да почне попладнево од 18 часот како што беше предвидено, но да заврши в сабота на 2 мај во 5 часот наутро, наместо в понеделник како што беше најавено од властите.

В сабота и в недела на сила ќе биде стандардниот полициски час кој ќе почнува во 18 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

Претстојните денови со ограничено движење за граѓаните треба да бидат последните во кои ќе се применува полициски час подолго од 12 часа. За наредниот викенд постои и можност во Србија да биде укината вонредната состојба, а како што соопшти претседателот Александар Вучиќ тоа би значело и збогување со полицискиот час.

 

 

Треба да знаете
Последни објави