Search

Колозова: Ние и Србија имаме најригорозни мерки во Европа

Професорката Катерина Колозова во емисијата „Еуро фокус“ на телевизија Телма, на прашањето како ги оценува мерките што ги презеде Владата со оценка од 1 до 10, изјави дека ја оценува со пет.

„Сметам дека степенот на рестриктивност е премногу голем, превисок, но од друга страна нивниот ефект бо однос на заштитата на здравјето е премногу мал. Ние и Србија имаме најригорозни мерки во регионот и пошироко во Европа, односно тие престроги мерки се контра-продуктивни“, изјави професорката.

Според неа, што е поголема рестрикцијата во државата и што е поголема полициската контрола, се покажува немање доверба во одговорот на граѓаните и се создава непријателство меѓу нив и државите.

„Во Италија, Шпанија и Франција имате 24/7 карантин, но тоа не е полициски час од типот кај нас, кој се воведува во воена состојба. Сите граѓани сами да одберат кога да прошетаат, да излезат, а нивниот карантин е построг од нашиот, но и повеќе либерален. Мора да се почитуваат индивидуалните права и слободи“, вели Колозова.

Таа заклучува дека не смее да се воведува автократски решенија со изговор дека нашиот народ е „глупаво стадо“, кое што треба да се контролира.

„Вака во ЕУ не се влегува“, смета професорката.

Треба да знаете
Последни објави