Во Албанија уапсен припадник на ИД баран со меѓународна потерница

Во Албанија е упасен 24-годишен Таџикистанец, припадник на терористичката организација ИД, баран со меѓународна потерница. Според полициското соопштение, припадниците на секторот за борба против тероризам, го уапсиле К.З. против кого на 21 април годинава германските власти распишале меѓународна потерница.

„Припадниците на секторот за борба против тероризам во соработка со Интерпол Тирана, успешно ја финализираа акцијата „посетител”. Во рамки на акцијата беше идентификувано и уапсено лицето К.З.(24) од Таџекистан, припадник на ИД,барано со меѓународна потерница издадена од германските власти, стои во соопштението.

Се додава дека германскиот суд го товари за учество во странска терористичка организација и за формирање терористичка ќелија во Германија за извршување џихад во име на ИД.

Предметот е предаден на Обвинителството во Основниот суд во Тирана со цел понатамошна законска процедура за негова екстрадиција во Германија.

Треба да знаете
Последни објави