Во Албанија повеќе новооздравени од новозаразени со Ковид-19

Во последното деноноќие, во Албанија, регистрирани се повеќе новооздравени пациенти отколку новозаразени со Ковид-19. Според Министерството за здравство и социјална заштита ново заразени се седум,со што вкупната бројка сега изнесува 773, додека во списокот на оздравени се впишани уште 15 или вкупно 470 лица.

Сеуште активни на Ковид-19 се 272 пациента,додека до сега починало 31 лице,но сите боледувале и од други болести.

„Информираме дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хопситализирани се 36 пациенти,од нив седуммина се на интензивна терапија, од кои еден во тешка сосотјба, стои во соопштението.

До сега во земјата тестирани се 8.253 сомнителни случаи или за 225 повеќе од вчера

Треба да знаете
Последни објави