Ахмети: Дијалогот Белград-Приштина урна две влади во Косово

Градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ги урна двете последни влади во Косово. Според него без заеднички став на политичките партии во Косово не е можен договор со Белград и негова примена.

Според првиот човек на Приштина, последните двајца косовски премиери Рамуш Харадинај и Албин Курти не сметале дека нивните влади можат да паднат поради ова отворено прашање, пишува Косово онлајн.

-Дијалогот ги урна двете последни влади. Сериозноста која сум ја видел кај САД и трката кај некои други земји покажува дека има притисоци. Прво беше кажано да се воспостави дијалогот, потоа да се реши проблемот со Србија, па да се занимаваме со другите прашања. Ни Харадинај, но и Курти не ги разбраа сериозно, а не посебно дека токму поради ова може да падне влада – изјавил Ахмети.

Тој оценува дека без согласност на сите страни кои седат на преговарачката маса нема договор и примена.

-Ако сакаме конечно решение мора да бидат сите страни вклучени. Но, овде ја имаме администарацијата на САД кој бара чудни, брзи и тешки одлуки. Не треба да се заборави дека САД, без разлика кој е главен, е најмоќната држава и нивните ставови победуваат и многу посилни држави од нашата. Потребно е да се обединат албанските сили, ако сакаме да бидеме сигурни дека нема да се менуваат границите – изјавил Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави