Search

Старец прегазен во Аеродром

На 28.04.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Шаторов Шарло“ и ул.„Милан Зечар“ патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(36) од Скопје, удрило во пешак С.З.(79) од Скопје.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави