Search

Пронајден автомобилот со кој беше прегазено дете во Струмица, возачот е во бегство

Пронајден е автомобилот со кој беше прегазено четиригодишното дете, вчера попладне во Струмица, а возачот е во бегство, соопшти синоќа портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

-Од страна на полициски службеници возилото „форд ескорт“ со скопски регистерски ознаки е пронајдено и е во кругот на СВР- Струмица. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, рече Рендевска.

 

Несреќата се случи околу 17.40 часот на улицата Никола Тесла во Струмица, кога возилото удрило во детето. По укажана лекарска помош во Медицински Центар Струмица, четиригодишникот заради карактерот на повредите е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од полицијата во присуство на јавен обвинител

Треба да знаете
Последни објави