Србија на своите граѓани за нереализираните туристички аранжамани ќе им дава вредносни ваучери

Граѓаните на Србија ќе добијат вредносни ваучери како замена за уплатените аранжмани кои ќе можат да ги искористат до крајот на 2021 година. На ваков начи државата ќе го решава прашањето за пропаднатите туристички ангажмани. Доколку граѓаните не ги искористат тогаш турситичките агенции ќе бидат должни да им ги вратат парите по истекот на крајниот рок.

Според министерот за туризам Расим Љајиќ до крајот на минатата година биле уплатени 480.000 аранжамани. Уредбата за решавање на овој проблем е подготвена и испратена на разгледување во министерството и институциите од каде се чека нивниот одговор. Истото решение ќе биде применето и за нереализираните ученички екскурзии.

 

 

Треба да знаете
Последни објави