Search

ФИФА предлага пет замени по натпревар

Раководството на ФИФА предложи да се дозволат пет замени по натпревар за секој тим кога фудбалот ширум светот ќе се врати во наредните месеци.

Од централата предлагаат привремена мерка, бидејќи се очекува дека за комплетирање на локалните првенства и купови, како е евротурнири, кога е можно тоа во текот на летото, ќе биде потребен многу стеснет циклус и честопати екипите ќе треба да играат три натпревари неделно.

Предлогот на ФИФА ќе треба да го одобри ИФАБ, меѓународното тело кое ги поставува правилата за игра, а потоа секое првенство ќе донесе конечна одлука дали да ја спроведе промената.

– Секој тим ќе добие право да направи до пет замени за време на натпреварот, плус една дополнителна промена во продолжението”, го коментираат својот предлог од централата.

ФИФА додаде дека петте замени треба да бидат направени со најмногу три запирања на игра, плус пауза помеѓу двете полувремиња. Правилото ќе важи само до крајот на оваа фудбалска сезона и ќе заврши со почетокот на следната кампања.

Треба да знаете
Последни објави