Search

(Видео) Во Москва привршува изградбата на катедралата по повод 75 години од победата на фашизмот

Русија ја финализира изградбата на огромната православна катедрала украсена со мозаици на кои, меѓу другите, се прикажани и ликовите на Владимир Путин и Јосиф Сталин.

Со изградбата на храмот е планирано да се одбележи 75-годишнината од победата над нацистичка Германија.

Сместена во областа на воениот парк „Домљоjуб“ недалеку од Москва, воената катедрала на Христовото Воскресение е посветена на славата на руските водачи, чии ликови стојат на ѕидовите покрај оние на Христос, Дева Марија и други светци.

„Покрај победата на поранешниот СССР во Втората светска војна, катедралата слави и други воени успеси на рускиот народ, вклучително и анексијата на Крим во 2014 година“, посочува руското Министерство за одбрана.

Катедралата е висока скоро 100 метри и има шест позлатени куполи. Таа е трета најголема православна црква во земјата, рече портпаролот на министерството.

Во нејзиниот централен дел има серија мозаици, на кои, меѓу другите, можат да се препознаат лицата на поранешниот лидер Јосиф Сталин, претседателот Владимир Путин и други високи руски претставници, меѓу кои и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и претседателот на Советот за безбедност, Николај Патрушев.

Историчарот Сергеј Бријун го критикуваше проектот во весникот „Ведомости“ при што рече дека станува збор за пародија на историјата на руската држава, предупредувајќи на парадоксот за поставување на портретите на Сталин во катедралата, бидејќи тој ги прогонувал свештениците додека бил на власт.

Меѓутоа, Руската православна црква истакнува дека тој ја водел земјата во времето на победата над Третиот рајх.

Треба да знаете
Последни објави