Search

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара изземање од ограничувањето за додатоци на плата

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје реагира на уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај и бара пожарникарите да бидат изземени од неа.

Во соопштението, Синдикатот наведува дека се свесни за состојбата во која се наоѓа државата, но сметаат дека има несоодветен третман.

– Бараме да ни биде удоволено нашето барање за изземање од оваа одлука и сакаме да знаете дека пожарникарите се големи во срцата и душите и со сите ризици кои ги носи оваа професија ќе ги издржат и ќе бидат и понатаму сервис на граѓаните. Сепак мислиме дека како што припадниците на специјалните единици ”Тигар” и ”Волци” во рамките на МВР и МО интервенираат само во исклучителни ситуации, а нив не ги опфаќа оваа уредба, така и ние треба да бидеме ставени во редот на униформирани интервентни служби и така да бидеме третирани во овој случај, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави