Search

Италија/Ковид-19: Најмалку жртви во еден ден, но пораст на бројот на новозаразени

Во Италија од коронавирусот денеска починале 420 лица, што е најмал број на жртви во еден ден од 19 март, но бројот на новозаразени од вчера се зголеми за 3.021, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Со вкупен број на жртви од речиси 26.000, Италија е на второ место после САД.

До сега се регистрирани 192.994 заразени, а поголем број инифицарни имаат само САД и Шпанија.

Паѓа и бројот на пациенти на интензивна нега, е до сега оздравеле повеќе од 60.000 луѓе.

Тестирани се вкупно 1,14 милиони Италијанци.

Треба да знаете
Последни објави