Search

Гутереш апелира за единствена борба против пандемијата

– Генералниот секретар на Обединети нации, Антониот Гутереш повика на единство во борбата против пандемијата со новиот коонавирус и елиминирање на последиците од истата.

Тој истакна дека ова е пресвртен момент за човечката историја и оти успехот зависи од единството и капацитетите за успешна борба против Ковид-19.

– Мораме да ги насочиме сите наши напори во победата на пандемијата со коронавирусот, што се шири како пожар и смртно ги загрозува најчувствителните помеѓу нас, истакна Гутереш на видео-форумот ЕКОСОК за финансирање на одржлив развој за време на пандемијата со Ковид-19.

Тој повторно апелираше за глобален прекин на вооружените судири со цел сите напори да се насочат во борбата против пандемијата.

– Ова не е само здравствена криза, туку криза на човештвото, криза на трудот, хуманитарна и развојна криза, што покажа дека сите подеднакво сме исложени на ризик, посочи Гутереш.

Треба да знаете
Последни објави