Search

Швајцарија очекува пад на БДП од 6,7 проценти, најголем во 45 години

Швајцарската Влада предвидува пад на бруто домашниот производ од 6,7 отсто за оваа година, наведувајќи дека рецесијата, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, ќе биде полоша отколку што се стравуваше во март.

Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (СЕЦО) денеска објави ревидирана прогноза од март, според која се проценува дека економијата, предводена од извоз, би требало да порасне за 5,2 проценти следната година.

Во мартовските проекции се проценуваше дека стопанскиот пад во оваа година ќе изнесува 1,5 отсто, по што следната година ќе забележи пораст од 3,3 проценти.

Доколку најновата прогноза се оствари, тао би бик најлошиот пад на швајцарската економија од 1975 година.

Треба да знаете
Последни објави