Објавени фотографии од принцот Луис по повод неговиот втор роденден

Најмалото дете на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (37) го прослави својот втор роденден, а по тој повод, на една од официјалните страници на кралското семејство беа објавени неколку фотографии од среќното момче.

Под фотографиите пишува дека ги направила неговата мајка Кејт овој месец. Таа веќе неколку пати беше главниот виновник за фотографиите на своите деца, и ја фалат дека е доста талентирана. Принцот Луис на фотографиите носи сина кошула со ситни коцки, и покажа колку ужива да биде ’во неред’.

„Ова се најслатките фотографии денес“, е еден од коментарите на обожавателите на кралското семејство.

Тој ги ставил рацете во боја, а потоа позира со шарени дланки и прсти пред камерата. Рацете намачкани во боите на виножитото се еден од начините за изразување поддршка за здравствените работници и сите оние што се во првите редови во борбата против ширењето на коронавирусот. Кејт повторно доби многу пофалби за нејзиното воспитување.

Војвотката во повеќе наврати потенцираше колку е важно нејзините деца да играат и да бидат креативни во слободното време, така што нема проблем ако се извалкаат. Момчето има постар брат, Џорџ (6) и една постара сестра, Шарлота, која наскоро ќе го прослави својот петти роденден.

Треба да знаете
Последни објави