Search

Kривична за прилепчанец, на Фејсбук повикал да бидат убиени лица во карантин во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(42) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Пријавениот на 28.03.2020 во 06.51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

Треба да знаете
Последни објави