Search

Штипјани фатени со 1,6 кг марихуана на паркинг кај Стоковна во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(19) од Штип и С.Ѓ.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 14.04.2020 во близина на паркинг позади стоковна куќа во Скопје, полициски службеници при преглед на паркирано патничко возило и на пријавените кои биле во него, пронашле и одземале 1.623 грама марихуана.

Треба да знаете
Последни објави