Search

Шведски лекар тврди: Веќе во мај, дел од населението ќе има имунитет

Докторот Андерс Тегнел, кој ја предводи шведската стратегија за одбрана од коронавирус, тврди дека дел од населението може во мај може да стекне колективен имунитет.

„Според Агенцијата за јавно здравје, сè повеќе има луѓе кои се стекнале со имунитет и тоа почнува да влијае на ширењето на инфекцијата. Нашите проценки велат дека до колективен имунитет би можело да дојде во мај“, посочува Тегнел.

Шведска спроведува специфична тактика за заштита од коронавирус, без карантин и целосни забрани – т.н. стратегија за „имунитет на стадото“. Откажани се сите фудбалски натпревари и универзитетски часови, но ресторани, кина, спортски сали, пабови и продавници сè уште се отворени.

Објавени се планови за агресивен режим на тестирање со кој би се направиле 100.000 тестови, со оглед дека бројот на потврдени случаи на инфекција е над 13.000 и дека досега починале над 1.500 луѓе.

Сепак, Тегнел смета дека оваа стапка на смртност од коронавирус во Шведска не е неуспех на целокупната стратегија, туку неуспех во заштитата на старите лица кои живеат во старечки домови. Одбранбената стратегија на Шведска против вирусот предизвика критики, бидејќи Швеѓаните одбија да воведат карантин и покрај предлозите на ЕУ, пренесува британскиот „Дејли мејл“.

Околу 50 проценти од работната сила во Шведска во моментов работи од дома, а главниот град Стокхолм бележи пад на фреквенцијата на сообраќајот за 70 проценти.

Треба да знаете
Последни објави