Search

Нова кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од Ковид-19

Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки. Бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите, објави вечерва министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален фејсбук профил.

-Нова линија 8 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од COVID-19 Олеснети услови и начин за аплицирање, Поголем износ на кредити. Важи за СИТЕ погодени компании Минимален износ на кредит е 3.000 евра. Максимален износ на кредит е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени од заклучно со 31.01.2020 наведен во изјава при аплицирање, се множи по бројот на вработени, за пресметани најмногу 3 месеци.

Формулата за пресметка на износот кој компанија може да го искористи е следен:
Број на вработени x 14.500 ден x 3 месеци
На пример: компанија со 10 вработени ќе може да добие  14.500 денари X 10 вработени X 3 месеци = 435.000 денари или 7.073 евра

Кредитни услови:
Каматна стапка од 0% на годишно ниво
Рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци.
Обезбедување со меница
——————————–
Кој може да аплицира
СИТЕ подогодени компании, од СИТЕ дејности КОИ:

Имаат намалување на приходот на за повеќе од 30% во тековниот период, на пример во месеците март или април 2020 во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година
се регистрирани повеќе од половина година:
Немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020
Не се во постапка на стечај или ликвидација;
Не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели, стои на фб статусот на министерката Никиоловска.

Треба да знаете
Последни објави