Search

Рекорден пад на цената на американската сурова нафта

– Суровата нафта од типот Западно-тексашка лесна нафта (ВТИ) забрзано поевтинува и денеска во текот на берзански актвности достигна рекордно ниска цана од 17.81 долари за барел.

Со тоа, цената на овој тип нафта забележа неславен рекорд од најголем пад во изминатите 18 години, јавуваат светските медиуми. Поевтино оваа нафта се продавала во 2001 година, кога чинела 17.65 долари за барел.

Главната марка на сурова нафта, Брент, пак денеска се спушти до 28.02 долари за барел.

Руската „Јуралс” од Сибир моментално чини 23.30 долари за барел. Ниската цена на нафтата го запре приливот на готовина во државниот буџет на Русија со изглед на заострување на екомската криза во земјата, независно од историскиот договор за намалено вадењето нафта со ОПЕК+.

Треба да знаете
Последни објави