Search

Мајкл Коен затворската казна ќe ја отслужи дома

– Мајкл Коен, поранешен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во истрагата за импичментот сведочеше против својот екс клиент, и е во затвор зарадисерија кривични дела, сега поради коронавирусот казната ќе ја одлежи дома, јавија некои американски медиуми.

Моментално, Коен е во федерален затвор во Њујорк, каде се наоѓа од минатиот мај. Тој призна дека е виновен за измами околу финансирање на изборна кампања, лажно сведочење пред Конгресот и неплаќање даноци.

Пред ослободувањето од затворот, Коен треба да мине 14-дневен карантин, а потоа преостанатото време затворска казна ќе може да го отслужи од дома. Тој требаше во затвор да биде до ноември 2021 година.

Според информациите, 14 затвореници и седум вработени во затворот во кој Коен ја одлежува казната се заразиле со коронавирус.

Во федералните затвори на САД досега од коронавирус се заразиле 473 затвореници и 279 вработени. Од крајот на март досега починале 18 затвореници.

Треба да знаете
Последни објави