Search

Нелоски: Владата да донесе мерки за транспортерите, 50% субвенционирање на плата, ослободување од патарини и побрз поврат на ДДВ

Интегрален текст од прес конференција Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

Транспортерите и превозниците на патници се заборавени од владата. Секторот без кој животот не би бил ист, без кој нема да имаме доволно храна, лекови и други намирници во маркетите и аптеките секторот без кој извозот ќе згасне и фирмите ќе треба да затворат е оставен на цедило без никаква помош од Владата.

Себичната Влада се грижи за олигарсите, ама не и за граѓаните и фирмите кои се вистинските херои.

Сега е време на солидарност, тоа се зборовите на Владата на Република Македонија и во целост се согласуваме со Вас, но бараме таа солидарност подеднакво да се однесува на сите правни субјекти без разлика на нивната големина, домашен или странски капитал и на која гранка или групација припаѓаат.

Во таа Ваша солидарност не припаѓаат транспортните фирми и фирмите за превоз на патници кои се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат без никаква поддршка од владата, која за некој е мајка а за некој маќеа. Која носи брзи непромислени и не издржани уредби и решенија, како што е случајот со покачување на акцизата на горивото во услови на криза и пандемија.

Во сите држави во светот, па и вклучително и земјите од соседството се носат мерки за намалување или одложување на плаќањето на даноците, со цел да ги зачуваат минималните егзистенционални услови на граѓаните кои без своја вина ќе седат дома и ќе ги затворат своите бизниси, за да можат по завршување на целосната изолација чекор по чекор да започнат одново со својот бизнис.

Затоа напоменуваме дека мерките кои се прават од нашата влада во споредба како се прави тоа во другите влади во ЕУ и соседството се незадоволителни.

Наместо празни флоскули очекуваме реални решенија и помош за сите. Токму затоа во таа насока ги предлагме следните мерки:

  1. Субвенционирање на 50% од бруто платата на работниците во овој сектор.
  2. Ослободување од плаќање на патарини и царински давачки за превозниците во периодот додека трае состојбата со пандемијата во Македонија.
  3. Субвенција во висина од 5 денари по литар потрошено гориво за сите транспортери
  4. Субвенционирање на 50% од средствата кои се плаќаат за надомест за патишта и задолжителна автоодговорност за сите автобуси и камиони до 12 месец 2020 година; Ние сме свесни дека претпријатието за јавни патишта има свои обврски но исто така сме свесни дека може овие мерки како држава да ги издржиме додека трае кризата.
  5. Брз поврат на ДДВ на превозните трговски друштва заедно со камата за задоцнета исплата, што ќе значи дотур на свежи пари за одржување дневната ликвидност;
  6. Регистрацијата на возниот парк, кој претставува голем издаток за превозните трговски друштва да се исплаќа на рати минимум 6 месеци од датата на носење на Уредбата или да се продолжи рокот на важење на истите до периодот на траење на вонредната состојба како што е пример со сите други званични документи.

Превозниците се значајна алка во процесот на надминување на проблемите со коронавирусот, тие се грижат за редовна достава на храна, лекови и сите други намирници од клучна важност до сите граѓани. Токму затоа оваа потребна помош е многу важна за нив.

 

 

Треба да знаете
Последни објави