Search

Смрт во изолација: Вознемирувачки исповеди на луѓе кои не можеле да бидат со своите најблиски додека умирале од Ковид-19

Изолацијата на заразените со Ковид-19, дури и пред смртта е карактеристика на пандемијата на коронавирусот САРС-КоВ-2. Пациентите умираат сами во нивните болнички соби, отсечени од нивните партнери, деца, браќа и сестри и честопати без свештеници или рабини.

Емоционалните моменти на самиот крај на животот, ако пациентот воопшто ги доживее, се одвиваат преку таблети или мобилни телефони со странец како посредник, пишува Вол Стрит Џlурнал.

 

Додека лекарите го ставале во возилото на брза помош 83-годишниот татко на Нанси Хопкинс, таа му ставила рака на рамото, се наведнала и му ветила дека ќе биде со него цело време. Ветувањето, сепак, не го одржала. Се разбира, не затоа што не сакала, туку затоа што не можела. Кога нејзиниот татко беше примен во болница во Конвеј, Јужна Каролина во средината на март, Ненси дознала дека нема да може да влезе во болница од безбедносни причини.

Таа немала сила да се врати дома и седела во својот автомобил на болничкиот паркинг неколку часа. Бришејќи ги солзите од лицето, Нанси на крајот си заминала дома.

 

На нејзиниот татко, Роберт МекКорд, пензиониран фармер, му беше дијагностициран Ковид-19 и беше сместен во изолација 14 дена во болницата. Неговата состојба не се подобри и Нанси се збогуваше со нејзиниот татко на 1 април. Преку мобилен телефон завиткан во пластична кеса кој  медицинската сестра го држеше покрај увото на Роберт.

-Тоа беше мојот најголем предизвик, што не можев да бидам таму. Татко ми зависеше од мене, изјави 59-годишната Хопкинс.

-Се мачам да го кажам зборот„ неправедно“, но тоа е ситуацијата, така се чувствувам, рече 36-годишниот Дејвид „Мајкл“ Дадли јуниор. Тој мораше да се збогува со својот 61-годишен татко на 31 март преку апликацијата за видео конференција „Зум“. „Не само што ми кажаа дека татко ми нема да се опорави, туку тие ми рекоа дека не можам да бидам со него. Се збогувавме на најмалкуинтимен начин.

 

Прошталниот повик со Дадли Сениор, возач на автобус кој се наоѓаше на респиратор во болницата во Балтимор, беше непријатен. На Дадли помладиот друштво му правеле роднините и докторите и медицински сестри кои биле во собата со неговиот татко.

-Не знаев дали тој ме чул воопшто. Сакав толку многу да му кажам, но најмногу од сè дека го сакам. На самиот крај на повикот притиснав емотикон „те сакам“, рече Дадли.

Кеико Неуц од Луисвил, Кентаки скоро никогаш не била сама пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Нејзиното огромно семејство, составено од осум нејзини деца и 28 внуци, се погрижи да биде така. Кога имала мозочен удар пред пет години, различен член на семејството ја посетувал секој ден. Повеќето од нејзините деца и внуци се оддалечени 15 минути со автомобил од нејзиниот дом.

На 25 март, Кеико заврши „на кислород“, бидејќи почна да дише потешко. Дијагноза – СОВИД-19. Два дена откако беше хоспитализирана, семејството мораше да одлучи дали ќе ја стави на респиратор. Нејзината 29-годишна внука, Лејси Тејлор, донесе лаптоп во болницата со апликацијата за социјално вмрежување Houseparty. Медицинската сестра го донела во собата и го завртела кон Кеико. Семејството потоа пееше заедно и разговараше со нивната мајка и баба. Секогаш кога нејзините внуци се појавуваа на екранот, Кеико ќе ја испружела раката кон екранот. Кеико почина по три дена. Благодарение на лаптопот, нејзиното семејство барем делумно беше со неа. Медицинските сестри Одри Вотерс и Јулија Хант ги држеа рацете на Кеико додека таа умираше. Вотерс останала и по смената за да остане со  Кеико. Таа и Хант му ветија на семејството дека Кеико нема да биде сама.

 

-Се чувствував благословено што можев да бидам таму. Но тоа апсолутно ми го искорна срцето, рече Хант.

Некои од болните од Ковид-19 се чини дека не се свесни дека се во изолација, додека други знаат, рече свештеникот Мајкл Мерсиер, директор за духовна нега во Lifespanu Health System, компанија управител на неколку болници во државата Роуд Ајленд.

Никогаш не сум видел толку многу пациенти во солзи додека се молам со нив. Тие се чувствуваат отсечени од нивните семејства, рече Мерсиер.

Свештениците сега се молат за пациентите во ходниците надвор од просториите за да не се заразат со коронавирусот.

Едно еврејско семејство во државата Њу Јорк се снашло така што нашле лекар евреин кој можел на пацинтот пред смртта да му даде болесничко помазание.

-Тоа не е нешто што го прават лекарите, но ова се тешки времиња, рекол лекарот.

Треба да знаете
Последни објави