Search

Нејмар, Мбапе, Ди Марија, дел од тимот на сезоната во Лига 1 според „Л’Екип”.

 Францускиот весник „Л’Екип” го објави симболичкиот тим на најдобри играчи во тековната сезоната на Лига 1.

Во тимот се четворица фудбалери на ПСЖ, тројца од Ремс, два од Лил, и по еден од Монако и Стразбур.

Голман: Предраг Рајковиќ (Ремс);

Одбрана: Мохамед Симакан (Стразбур), Габриел (Лил), Јунис Абделхамид, Хасан Камара (и двајцата од Ремс);

Среден ред: Ренато Саншеш (Лил), Марко Верати, Анхел Ди Марија (двајцата од ПСЖ);

Напаѓачи: Нејмар, Килијан Мбапе (двајцата од ПСЖ), Висам Бен-Једер (Монако).

Тренер е Томас Тухел, кој го предводи ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави