Кауцијата за Роналдињо да излезе од притвор ја платил Меси ?

Роналдињо вчера го напушти затворот во Асунсион и судењето во Парагвај ќе го чека во
домашен притвор – луксузен хотел. Роналдињо беше уапсен пред еден месец
кога во Парагвај влегол со фалсификуван пасош. Излегува од притвор со кауција. Парите кои на Роналдињо му овозможија да го напушти затворот според медиумите ги уплатила Барселона. Се
претпоставува дека 1,6 милиони евра уплатил Лионел Меси, кој самиот најави дека
ќе му помогне на својот голем пријател кој сега е во неволја.
Некогаш најдобриот фудбалер во светот и во Бразил, Роналдињо е обвинет за
затајување на данок поради што таму му е запленет целиот имот.

Треба да знаете
Последни објави