Хаманеи најави можна забрана за собири за време на Рамазан

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаманеи, денес ја објави можноста за забрана на масовни собири во земјата за време на светиот месец Рамазан, како резултат на пандемијата од коронавирус.

Во телевизиско обраќање, Хаманеи ги повика шиитските верници да се молат во своите домови за време на Рамазан, кој почнува на 23 април.

Во Иран, потврдени се повеќе од 67.000 случаи на инфекции со коронавирус, а починаа скоро 4.000 луѓе, пренесува агенцијата АП.

Хаманеи не пропушти да ги потсети Иранците дека САД се нивниот најголем непријател и се шегуваше на сметка на Американците кои се бореа да дојдат до тоалетна хартија во маркетите и правеа редови пред продавниците за оружје.

„Проблемот со короната не треба да нè натера да ги игнорираме заговорите на нашите непријатели и арогантни сили“, рече Хаманеи.

Треба да знаете
Последни објави