Search

Роналдо, Де Лихт и Киелини остануваат во Јувентус

– Кристијано Роналдо, Матаис де Лихт и Џорџо Киелини по крајот на сезоната ќе останат во Јувентус, пренесува италијански „Тутоспорт”.

Според изворот, 100 отсто е сигурно дека освен споменатите тројца, во тимот ќе останат и Родриго Бентанкур и Мерих Демирал. На нив најверојатно ќе им се придружат Џанлуиџи Буфон, Леонардо Бонучи и Данило.

За играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ и дефанзивците Матиа де Шилио и Даниеле Ругани се смета дека ќе си заминат.

Во моментов, сезоната во Италија е прекината поради пандемијата од коронавирус. Јувентус ја предводи Серија „А” со 63 бода по 26 одиграни натпревари.

Треба да знаете
Последни објави