Бесплатен пристап од мобилните мрежи до дигиталните платформи за учење на далечина во Грција

Пристапот до дигиталните платформи за учење на далечина на Министерството за образование на Грција од среда ќе биде бесплатен преку мобилните оператори во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за образование на Грција соопштуваат дека трите грчки мобилни оператори позитивно одговориле на иницијативата на надлежните министри, за образование и за дигитална политика и пристапот до 18 интернет страниците што се користат за учење на далечина ќе биде бесплатен.

Треба да знаете
Последни објави