Search

Кавадарчанец почина од коронавирусот во САД, се собира помош за семејството

Кавадарчанецот Пепи Тодорчев, кој со семејството долги наназад живееше во Чикаго, САД, пред два дена починал од корона вирус, а негови пријатели започнаа донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски, oбјави Фокус.

Тодорчев (58) зад себе ја остави сопругата и три деца. Негови блиски од Кавадарци за ,,Фокус” откриваат дека и сопругата, како и едно од децата исто така се позитивни на вирусот. Собраните средства ќе и помогнат на фамилијата на Пепи да ги покрие погребалните трошоци, медицински трошоци, кирија, храна и месечни сметки, бидејќи тој беше единствениот вработен во семејството.

До денес, собрани се над 40.000 долари, а крајна цел на донаторската акција е сумата од 75.000 долари. Сите кои се во можност да донираат и да помогнат на семејството Тодорчеви, тоа можат да го сторат на следниот линк:

https://www.gofundme.com/f/in-loving-memory-of-pepi-todorcev?utm_source=facebook&fbclid=IwAR2Z12RatOMSvIoO6od_4Mss5w_hPzMd2TdaCbqgR0t94qSXDkXt8faGTfk

Треба да знаете
Последни објави