Search

Вчера на 144 лица им се издадени решенија за изолација

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во периодот 03/04.04.2020 евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Треба да знаете
Последни објави