Search

Фајненшл тајмс: До 43 милиони Европјани од 11 држави можно е да се заразат од Ковид-19

Истражувачите од „Империјал колеџ” во Лондон сметаат дека официјалната статистика не ја одразува пандемијата точно „како резултат на асимптоматските инфекции и ограничените можности за тестирање”.

Според експертите, во 11 европски држави од седум до 43 милиони жители би можеле да бидат заразени со коронавирус, што претставува 1,88 отсто до 11,43 отсто од населението на континентот, пренесува „Фајненшл тајмс”.

Во Лондон досега официјално се регистрирани 9.229 луѓе како заразени,  а таа бројка можеби е 600.000 лица.

„Владината политика за тестирање само на критички болни пациенти се повеќе се критикува во Велика Британија. Тоа е спротивно и на препораката на генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус за што е можно повеќе тестови”, пишува весникот.

Според експертите, многу е важно да се одржат карантинските мерки во државите, а тенденциите за нови случаи на заболеност и смртност внимателно се следат во текот на следните денови и недели за да се овозможи намалување на ширењето на инфекцијата.

Треба да знаете
Последни објави